Шест лица повредени во сообраќајка во Тетово: Девојче со тешки повреди префлено во Скопје
Шеснаесетгодишно девојче е потешко повредено, а уште пет лица се повредени во сообраќајка синоќа во Тетово. Незгодата се случила во 19 часот вечерта на улицата Илинденска во градот. Според полицијата во сообраќајната несреќа учествувале „опел корса“ управуван од Б.С (21) од Ново Село, потоа „фолксваген голф“ што го возел Н.Н(59) од Палатица и „бмв“ управувано од М.Д (38) од Тетово, сите со тетовски регистерски ознаки.
Тешко повреденото девојче била сопатничка во корсата. Таа е пренесена во Тетовска клиничка болница
„Таму и е укажана прва помош, по што поради сериозните повреди е однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачите на „опел корса“ и „бмв“, како и вкупно три други сопатнички од тие две возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По овластување на јавен обвинител е извршен увид на местото, со цел да се утврдат причините и околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода.
