Шест лица кои од ковид починале во декември дури денеска влегоа во статистика
Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. По градови, во Скопје – 78, Прилеп – 18, Кавадарци – 15, Тетово – 12, Охрид и Струмица – по 10, Куманово, Велес и Струга – по 6, Дојран – 3, Гостивар, Гевгелија и Неготино – по 2, Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево – по 1.
Регистрирани се 206 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 13 починати лица, но шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември.
Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.
Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.
