ШЕСТ КЛИНИКИ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ КОВИД-ЦЕНТРИ: Се намалува бројот на хоспитализираните пациенти
Драстичното намалување
на бројот на новозаразени, доведе и до намалуавње на бројот на хоспитализирани
пациенти, па како што известува Министерството за здравство, од утрово ковид-центри престануваат да бидат неколку
клиники.
-Затворени се ковид центрите на Клиниката за Кардиологија, Клиниката за ОРЛ, Клиниката за Очни Болести и Институтот за Физикална терапија. Од почетокот на неделава без ковид пациенти се и Клиниките за Урологија и Пластична Хирургија кои веќе почаа со редовен хируршки програм. Во петок ќе се затвори и ковид центарот на Клиниката за Трауматологија при ТОАРИЛУЦ и од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија започнуваат со редовен хируршки програм, информира МЗ.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 258 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 9 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 6 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 75 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 89 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка., а сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
