Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест градови се без заболени од коронавирусот

Шест градови се без заболени од коронавирусот

Шест градови во Македонија се без заболени од коронавирусот. 

Станува збор за Кавадарци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран. 

Македонски Брод, Крушево, Валандово, Дебар, Берово, Ресен, имаат само по 1 случај на коронавирус. 

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19. 

Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.

foto freepik

Слично

Поврзани вести