Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест градови имаат само по 1 заболен со коронавирусот

Шест градови имаат само по 1 заболен со коронавирусот

Шест градови  во земјава имаат само по 1 заболен со коронавирусот. 

Станува збор за Ресен, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Крушево и Македонски Брод. По 2 активни случаи има во Велес, Кавадарци, Свегти Николе, Берово и Македонска Каменица. По 3 случаи има во Демир Хисар, Гевгелија, Штип. Делчево и Неготино имаат по 4, а Кратово 5 активни случаи. 

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата e 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.

Во последните 24 часа има само 1 нов заразен, и тој е од Куманово. 

Oна што е ново е дека во земјава е откриен индискиот сој на коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести