Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест деца од „Димо Хаџи Димов“ се позитивни на норовирус

Шест деца од „Димо Хаџи Димов“ се позитивни на норовирус

Шест деца од училиштето „Димо Хаџи Димов“ се позитивни на норовирус. 

„Целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и физичко-хемиската анализа, како и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности“, информира Институтот за јавно здравје(ИЈЗ). 

Тешки метали, како што соопшти ИЈЗ, во мострите од вода не се пронајдени.

„Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии Enterobacteriaceа во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и кујната. Од добиените седум примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во Институтот за јавно здравје од деца кои јавиле симптоми, шест се позитивни на Norovirus“, соопшти ИЈЗ.

За дополнително пристигнатите мостри од другите девет училишта, ИЈЗ ќе информира во понеделник.

Вчера директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска кажа дека бактерии од групата Enterobacteriaceae се пронајдени на чешмите и во храната што ја консумирале децата од кујната во Основното општинско училиште „Димо Хаџи Димов“.

Пред неколку дена, повеќе деца имаа стомачни тегоби. 

Слично

Поврзани вести