Шеснаесетгодишен гостиварец затруен по консумирање алкохол во угостителски објект
Шеснаесетгодишен гостиварец завршил во болница каде му била пружена медицинска помош откако било пријавено дека е затруен по консумирање алкохол во угостителски објект.
„На 01.11.2025 во 02:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесен малолетник затруен од консумирање на алкохол. Веднаш е постапено по пријавата и констатирано е дека се работи за 16- годишник од гостиварско и по кажување на неговата мајка алкохолот го консумирал во угостителски објект во Гостивар“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и под кои околности малолетникот консумирал алкохол.
Слично
