Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска: Заев нема зошто да се среќава со Груевски

Шеќеринска: Заев нема зошто да се среќава со Груевски

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска за можни тајни средби меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола  Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека нејзиниот претседател нема зошто да се среќава со Груевски. 

Таа во емисијата „Патот кон…“ на Алсат-М ги негира гласините за средба на лидерите пред неколку дена. Шеќеринска вели дека овие информации доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и имаат за цел да предизвикаат раскол во парламентарното мнозинство.

Во емисијата таа кажа  дека ВМРО-ДПМНЕ се обидувало и сè уште се обидува да добие амнестија и дека од време на време такви сигнало испраќале до СДСМ. 

Додава дека независно од конкретните предлози за амнестија, тие нема да ја решат политичката криза.

Слично

Поврзани вести