Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска за тоа што не било прифатено од Македонија, а предложено од Грција

Шеќеринска за тоа што не било прифатено од Македонија, а предложено од Грција

Радмила Шекеринска во свое телевизиско гостување истакна дека Атина поставувала тешки и неразумни барања кои биле неприфатливи и, како што вели министерката за одбрана, одбиени од страна на македонскиот преговарачки тим.

- Целиот овој изминат период стравот и нападот беше дека Грција ќе инсистира на слеано име. Не прифативме. Потоа дека Грција ќе инсистира на непреводливо име. И тоа не прифативме. Стравот беше дека македонски јазик ќе стоел само на македонски, со транскрипција на латиница. Не прифативме. Стравот беше дека јазикот ќе биде пишан, но постојано ќе се влече некоја фус нота. И таа ја нема. Главниот страв кај Македонците беше дали компромис околу името на државата ќе значи негација на нашиот идентитет. Сите договори што сме ги потпишале со ЕУ, и сите тие ги потпишал Иванов, во ниту еден член го нема македонскиот јазик. Овој договор обезбедува од анонимност и непостоење, македонскиот јазик да фигурира на сите јазици и никој да не го спори, објасни Шекеринска.

Вицепремиерката инсистира дека Договорот со Грција е најдобрата верзија од сите што биле преговарани до сега.

Слично

Поврзани вести