Шеќеринска: Се дереа кои им беа таргетирани пратеници, тоа беа 7-8 имиња
Имавме обид за линчување на пратениците од луѓе кои беа платени и пратени, изјави пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска синоќа на телевизија 24.
Таа вели дека имале среќа што инцидентот помина без жртви.
„Повеќе од 10 пратеници беа повредени, а највеќе Села. Во болница не можев дури да го препознаам. Најстрашното не беа повредите. Не делеше чекор до жртви. Луѓето беа дојдени да нè убијат. Се дереа кои им беа таргетирани пратеници. Тоа беа 7-8 имиња. Полицијата дозволи да се шетаат маскирани луѓе по Собранието“ - изјави Шекеринска.
Таа потсети дека слични настани имаше и во општина Центар и дека ова не е прв пат да се случува насилство.
Слично
