Шеќеринска објасни зошто се облече во боите на грчкото знаме
Боите на знамето на соседна Грција или боите на НАТО. Повеќето од министрите во Владата на Северна Македонија беа облечени во сино бела комбинација денот кога го угостија премиерот Алексис Ципрас, а дека тоа било смислено тврдеше грчки новинар кој рече дека на таков начин македонската страна им оддала почит на грчките гости.
Вицепремиерката и министерка за одбара Радмила Шеќеринска вели дека изборот на нејзината гардероба бил случаен. Во интервју за 360 степени изјави дека тие се боите и на НАТО.
„Втори април многумина го гледаа само низ призмата на посетата на грчкиот премиер и грчката владина делегација, но 2 април е и ден во кога обично во сино се одбележува нашата поддршка на лицата со Даунов синдром. Мислам дека и двете пораки се позитивни пораки, па кој како сакаше коментираше. Сината боја е и бојата на НАТО, а нашата желба е да станеме членка и на НАТО и на ЕУ, рече Шеќеринска.
