Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска: На Македонија и треба професионална и достоинствена армија

Шеќеринска: На Македонија и треба професионална и достоинствена армија

Новата министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска вчера изјави дека на Македонија ѝ треба професионална и достоинствена армија, со вистински добри услови за работа. 

Министерката вели дека нивна цел е да ја приближат Македонија во стратешки посакуваната цел, членство во НАТО. 

„За таа цел ни треба и правна држава која ќе гарантира дека Македонија е вистински дел од евроатланската алијанса. Ќе работам на исполнување на оваа заедничка цел и ќе покажам како и во минатото дека жените не бараат поинаков третман. Македонија стана земја кандидат за членство во Европската унија дури и без да го решава проблемот кој го има нашиот јужен сосед со нашето уставно име. Ние како влада испративме јасна порака – сакаме добри односи со соседите, сакаме да ги решаваме прашањата и споровите кои не мачат“ - изјави министерката. 

Додава дека сакаат да ја направат Македонија стабилна и демократска држава која заслужува да биде членка на НАТО и ЕУ и тоа и ќе го направат. 

Слично

Поврзани вести