Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шеќеринска: Груевски се пазареше за името, а сега си го одглумува Фејсбук-статусот

Шеќеринска: Груевски се пазареше за името, а сега си го одглумува Фејсбук-статусот

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на Фејсбук напиша дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски си го одглумува Фејсбук-статусот и обвини дека тој се пазарел за името на Македонија. 

„Сево ова било затоа што тој не сакал да се пазари за името – вели Груевски вечерва додека си го одглумува Фејсбук-статусот. Мало потсетување како тој се пазареше пазарот да го договорат Маноли и Мијалков, врвните дипломати и чесни непазарџии“- напиша на својот Фејсбук-профил Шекеринска.

Таа постираше и видеолинк од една од „бомбите“, во која е снимен разговор помеѓу Антонио Милошоски и Груевски, и од прес-конференција на која Зоран Заев го обвинува експремиерот за продавање и пазарење со името на државата.

Груевски денеска на Фејсбук напиша дека е нападната држава и народот треба да ја одбрани. Како виновник за случувањата во Македонија Груевски го посочи Сорос. 

Слично

Поврзани вести