Шеќеринска: ЕП донел заклучок дека ВМРО-ДПМНЕ го опструира Парламентот
Пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска изјави дека дури и Европскиот парламент вчера во разговорот за македонскиот Парламент донел заклучок дека ВМРО-ДПМНЕ го опструира Парламентот.
Таа вели дека Деловникот кој дозволува десет пратеници да побараат измена на точката на дневен ред е донесен само од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мислењето од вашата сестринска партија, онаа кај која Груевски со скап роаминг беше на Малта, се да прекине одолговлекувањето за избор на спикер на парламентот. Тоа ви го порачуваат вашите партнери. Тие порачуваат ВМРО-ДПМНЕ да прекине со опструкциите на парламентот“- вели Шекеринска.
Пратеничката исто како и пратениците од СДСМ и коалицијата ДУИ и Алијансата за Албанците побара веднаш да се премине на изборот на претседател на Собранието затоа што зад тој предлог стојат 20 пратеници.
