ШЕКЕРИНСКА ЗА ПРИЕМОТ ВО НАТО: Зависиме од изборната динамика во Шпанија
Не очекувам реални проблеми, меѓутоа точно е дека зависиме од изборната динамика во Шпанија, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска вечерва во Само интервју на Канал 5.
Вели дека тоа би значело само неколку недели, додека да почне да работи шпанскиот Парламент.
„Никогаш не сте остров, зависите и од сосема неповрзани прашања“, рече таа.
Франција, Холандија и Шпанија треба да го ратификуваат Протоколот.
Слично
