Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска за France 24: Среќни сме што Макрон ја поддржува Македонија за членство во НАТО

Шекеринска за France 24: Среќни сме што  Макрон ја поддржува Македонија за членство во НАТО

Среќни сме што претседателот на Франција Макрон ја поддржува Македонија за членство во НАТО, но точно е дека Франција има малку поразлична позиција во врска со проширувањето на ЕУ, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во две 17-минутни интервјуа за Телевизијата France 24. 

Треба да се знае дека во случајот на Македонија не зборуваме за членство во ЕУ, туку за започнување на преговорите. Тоа е нешто различно, додаде таа. 

„Нашиот премиер во Софија имаше средба  со претседателот Макрон и ние сме среќни што тој ја поддржува Македонија за членство во НАТО, но точно е дека Франција има малку поразлична позиција во врска со проширувањето на ЕУ. Треба да се знае дека во случајот на Македонија не зборуваме за членство во ЕУ, туку за започнување на преговорите. Тоа е нешто различно, тоа е тежок и долг процес кој зависи од нас, од нашата моќ за промени и реформи, но и од земјите членки на ЕУ. Ќе ги употребам зборовите на Макрон: Не треба да се чека кога ќе се појави можност. На Балканот сега се појави можност, а тоа не се случува често. И Европа сега кажува, да, има успех на Балканот. Ова е ретка можност за Македонија која е полна со етнички и религиозни различности, но е функционална демократија“- изјави  Шекеринска. 

Како што соопшти Министерството за одбрана, на директното прашање дали Шекеринска очекува на Самитот во јуни Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, министерката вели дека е оптимист бидејќи „за нешто да се одработи на Балканот, треба да се биде оптимист и да се работи“.

Слично

Поврзани вести