Шекеринска за Бугарија: Со аргументи за да се најде решение, не со емоции и со обид да се наметне решение
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека вложуваат во добрососедските односи и очекуваат тоа да го направи и Бугарија.
Вели дека Договорот кој го потпишаа е со цел градење на доверба.
Смета дека треба со аргументи за да се најде решение, не со емоции и со обид да се наметне решение.
„Дефинитивно одлуките што ќе се носат до крајот на годината ќе влијаат позитивно или негативно на тие односи и тоа нема да бидат само нашите билатерални односи, туку ќе влијаат на регионот. Очекуваме токму државите што ги отвораа вратите, сега да ја покажат истата волја, интерес и желба да помогнат регионот да тргне напред“, рече Шекеринска.
Таа додаде дека со бугарскиот колега Красимир Каракачанов има теми околу кои не се согласуваат, но, и двајцата се избрани да работат регионот да биде стабилен и безбеден.
