Шекеринска втор пат како „рамноправна“ во Брисел
Вицепремиерката Радмила Шекеринска од денеска ќе учествува во дводневниот состанок на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел.
Состанокот е на ниво на министри за одбрана, а ова е второ вакво учество на Македонија со министерката за одбрана во овој формат откако земјата доби „рамноправно столче“ меѓу членките како активен учесник во Алијансата по потпишаниот пристапен протокол..
Министерката за одбрана ќе има и билатерални средби со министрите за одбрана на Шпанија, Холандија, Италија, Норвешка и Полска, а ќе учествува и на Бриселскиот форум организиран од Германскиот маршалов фонд, каде ќе се обрати на панелот посветен на иновациите и новиот пристап кон безбедноста.
Слично
