Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска во Северноатлантскиот совет дебатираше за нуклеарното вооружување на Русија

Шекеринска во Северноатлантскиот совет дебатираше за нуклеарното вооружување на Русија

Вицепремиерката Радмила Шекеринска во Брисел на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел на ниво на министри за одбрана дебатираше за непочитувањето на Договорот за нуклеарното оружје со среден дострел од страна на Русија.

Министрите за одбрана повторно ја повикаа Русија да ја напушти политиката на непочитување на овој Договор, кој е еден од столбовите за безбедноста на европскиот континент.

Втор пат по потпишувањето на пристапниот протокол за членство на нашата земја во Алијансата, Македонија активно учествува во дискусиите за важни глобални прашања. 

Во својата изјава, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во името на министрите за одбрана, истакна дека НАТО се подготвува за свет без ваков важен Договор, а како мерки кои би биле во сила по 2 август, доколку позицијата на Русија не се промени, ги наведе воените вежби, против-ракетната одбрана и активностите за набљудување и извидување.


Слично

Поврзани вести