Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска во САД: Не бевме гласани поради НАТО и ЕУ

Шекеринска во САД: Не бевме гласани поради НАТО и ЕУ

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, во разговор за „Гласот на Америка“ во Вашингтон рече дека власта не била гласана поради НАТО и ЕУ туку да спроведува реформи и да обезбеди подобар живот за граѓаните и дека може да загуби ако не се почувствуваат очекуваните промени. Реформите треба да се предизвик независно од НАТО и од Европската унија.

"Многу е важно да ја имате поддршката од јавноста. Некогаш можеби да ја имате поддршката за НАТО и ЕУ, но, истовремено може да ја загубите ако не испорачате резултати во врска со секојдневните потреби на граѓаните. Мислам дека промената на власта во државата не се случи поради НАТО и ЕУ. Ова е голема стратешка цел, но, не бевме гласани за тоа. Бевме избрани затоа што луѓето сакаат да видат промени во однос на владеење на право, слобода, правда и антикорупција. Им ги должиме овие промени”, рече Шекеринска.

Потсети дека досега е формирана нова Комисија за борба против корупцијата, и дека СЈО треба да продолжи да работи со гонење на корупцијата на високо ниво и во политичките кругови. За следниот месец најави посета на грчкиот министер за одбрана  Евангелос Апостолакис во нашата земја.

Најави дека ратификацијата на Протоколот за НАТО во Сенатот може да се случи во септември и целиот процес да заврши пред Самитот на НАТО во Лондон.

"Почнавме со Пентагон, се преселивме во Сенатот, и потоа пак се вративме во Пентагон за да ја испратиме пораката од Сенатот, а тоа е дека треба да побрзаат. Имаше интерес меѓу сенаторите со кои разговаравме, како и чувство кај извршната власт, дека не смееме да дозволиме грешки кога успехот е видлив. Добивме уверување од Пентагон и од Стејт департментот дека подготовките се во тек”, изјави Шекеринска.


Слично

Поврзани вести