Шекеринска во #ClickPlus: Од СДСМ потекнува предлогот за албански симболи на банкнотите
Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешната емисија Клик плус на ТВ21 потврдно одговори на прашањето дали предлогот да се озакони употребата на албански симболи на парите потекнува од владеачката партија, СДСМ.
„Да. Нашите и досегашни книжни пари се мултиетнички и сега во моментов, меѓутоа сметавме дека е добро тоа да стои во законот како политичка заложба, како законска обврска. Инаку и сега се цитира, мислам дека е поглед низ традиционален албански прозорец. Нашите пари се помалку со личности, повеќе се делови од нашето национално богатство и сите етнички заедници во Македонија имаат со што да се пофалат. Македонија може, сега првпат имаме шанса да покажеме дека нашата шареноликост, етничка, религиозна.., во секоја смисла може да биде сила за Македонија – рече Шекеринска во емисијата а изјавата може да ја погледнете во видеото подолу.
