Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска вели дека Македонија е внесена под чадорот на НАТО

Шекеринска вели дека Македонија е внесена под чадорот на НАТО

Успеавме да ја внесеме нашата држава под чадорот на НАТО,  истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, говорејќи за уставните измени што беа изгласани во Собранието за примената на Договорот од Преспа. 

Коментирајќи ги обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и најавите дека ќе ги ревидираат уставните измени и ќе постигнат подобар договор со Грција, Шекеринска рече дека тие 11 години биле на власт и да можеле ќе го решеле ова прашање.

Таа вели дека и во Македонија и во Грција еден дел од политичарите се решиле да гледаат напред, а опозицијата од типот на Неа демократија и ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, „фрла дрва и камења затоа што по малку се лути дека не успеале да постигнат ваков историски пресврт“. 

Слично

Поврзани вести