Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска, Тевдовски, Мицкоски и Силјановска заедно во Соборниот храм

Шекеринска, Тевдовски, Мицкоски и Силјановска заедно во Соборниот храм


Владина делегација предводена од вицепремиерката Радмила Шекеринска, како и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска присуствуваше на свечената литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“, по повод големиот христијански празник Велигден, а на истата учествуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Со свечената Велигденска литургија, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм, чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Тој пред верниците меѓу другото порача „како што простувал Исус, така и ние граѓаните треба да знаеме да се покаеме и да му простиме на оној што ни згрешил. Човечки е да се греши, но човекот е уште поголем ако знае да простува“.

Членовите на владината делегација на крајот од велигденската служба, информираат од владината прес-служба, му го честитаа празникот на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, како и на присутните свештеници и верници со традиционалниот Велигденски поздрав „Христос воскресна – навистина воскресна“.

- И по два милениума се собираме овде сите како верници. Сигурно е тоа најголемиот ден. Јас верувам дека е тоа ден на животот, ден на радоста. Погледнете ги лицата на луѓето, ќе се уверите во тоа. Мислам дека е овој ден и специфична опомена за сите нас, ако, како вели владиката, возљубено се чувствуваме тогаш треба и дел од нас да ставиме во она што се вели, чест, радост, вечен живот. Јас така се чувствувам денеска, рече Сиљановска Давкова, која при тоа не сакаше да дава други изјави за медиумите, како што рече, заради посебноста на овој ден.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски приликата ја искористи на сите верници кои го празнуваат Велгден да им го четита празникот, посакувајќи многу здравје, среќа, љубов, бериќ за нив и нивните семјства.


Слично

Поврзани вести