Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска тажно ја испрати сестра и во странство, но вети живот во Македонија

Шекеринска тажно ја испрати сестра и во странство, но вети живот во Македонија

Радмила Шекеринска од митингот на СДСМ во Кичево порача дека по промената на власта во Македонија ќе има живот, но таа е тажна бидејќи вечерва се збогува со семејството на нејзината сестра која е принудена да се пресели во странство.

- Вечерва се враќам од Кичево во Скопје за да ја испратам мојата сестра со семејството в странство. Ќе има подобар живот таму, но тажна сум, затоа што нашите деца повеќе нема да спијат заедно, нема да се гушкаат со своите баби и дедовци, рече потпретседателката на СДСМ.

Таа го обвини Груевски за алчност во 10 годишното владеење во кое биле запоставени интересите на сите граѓани.

- Десет години ги интересираа провизии, „мерецедеси“ со масажери, плацеви на Водно кои ги оградуваа со потпорни ѕидови за народот да не може да ги види. Ни поминаа десет години со крадење, лажење, рече Радмила Шекеринска, носителка на листата на пратеници во изборната единица 5.

- Со Груевски нема живот за никој во Македонија. Нема живот дури ни за членовите а ВМРО-ДПМНЕ, кои мора да одат на митинг, на контрамитинг, да обезбедуваат списоци со сигурни гласачи – рече Шекеринска.

Доста е, после десет години не почнувате, после десет години завршувате, порача Шекеринска од митингот во Кичево.

Слично

Поврзани вести