Шекеринска со коментар за навредите од грчките војници
Скандирањата на воената парада во Грција против Договорот од Преспа не се во духот на пријателство и создавањето добрососедски односи, оцени денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Грчки војници извикувале пораки кои се директно насочени против Преспанскиот договор. Инцидентот се случил на традиционална воена парада, одржана вчера во Солун по повод сеќавањето на денот кога Грција влегла во борбата против фашизмот во Втората светска војна. Дел од војниците на специјалната единица на резервата на грчката армија извикувале „Македонија е Грчка!“ додека поминувале покрај ВИП ложата во која седеле грчкиот претседател и други видни гости, пренесуваат повеќе агенции.
- Од моментот кога е потпишан договорот, и во Грција и во Македонија постојат групи на луѓе кои се противат на новиот дух - рече Шекеринска.
