Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Со чист мандат ќе покажеме дека знаеме проблемите да ги претвориме во успех

Шекеринска: Со чист мандат ќе покажеме дека знаеме проблемите да ги претвориме во успех

За нас никогаш ништо не одело лесно, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. 

Вели дека со чист мандат уште еднаш ќе покажат дека знаат проблемите да ги претворат во успех. 

„Направивме се’ и заслуживме почеток на преговорите со Европската Унија. Од соседите направивме сојузници, од најмоќните во Европа гласни поборници за отворање на преговорите. И повторно не оди лесно. Ве повикувам сите, секој од вас поединечно со свој пример да покаже дека НИЕ СМЕ ЕВРОПА. Заеднички да продолжиме да покажуваме пред цела Европа што значат европските вредности и како се работи на нив. Ја внесовме земјата во НАТО“, пишува таа на Фејсбук. 

Таа смета дека Македонија ги направила сите реформи за почеток на преговорите со ЕУ и додаде дека проблемите наскоро ќе ги претворат во успех.

Слично

Поврзани вести