Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Следната недела Македонија ќе добие покана за членство во НАТО

Шекеринска: Следната недела Македонија ќе добие покана за членство во НАТО


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денес информираше дека на владина седница е усвоен Стратегискиот одбранбен преглед, но и дека земјата следната недела ќе добие покана за членство во НАТО.

Таа нагласи дека на Македонија на самитот во Брисел ќе и биде врачена  покана за членство во НАТО: „Пред една година Црна Гора стана членка, јас како министер за одбрана и честитав и реков дека нашата цел е Македонија да стане 30. членка. Тогаш тоа звучеше како добра желба, денеска по само една година тоа е реалност, која е на дофат. Следната недела Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО и за неколку месеци земјата веќе ќе почне со процесот на ратификување на протоколите“.
Шекеринска исто така истакна дека е предвидена промена на структурата на АРМ, наместо досегашната централизација, ќе има консолидиран број команди и штабови со многу јасни дефинирани нивоа на осговорност.

Според претходниот СОП бројката на активниот состав изнесувала 8.200 активен персонал, но таа никогаш не била целосно пополнета. Во моментов од овие систематизирани 8.200 места пополнети се околу 6.600 со војници, подофицери и офицери. Согласно новиот СОП планирано е целосно пополнување на воените сили со околу 6.800 припадници, што значи сегашниот број нема да се намалува, туку во иднина ќе се зголеми за околу 200.

Паралелно со тоа ќе се зголеми и буетот за одбрана. Лани тој падна на 0,9 отсто, оваа година со зголемувањето се врати на еден отсто, а според новиот СОП секоја година е преземена обврската да се зоглемува за 0,2 отсто, во период од пет години, додека не дојде до два отсто од БДП. Ова е стандард за земјите членки на НАТО,  а министерката потсети дека за десет отсто се зголеми платите на сите припадници на АРМ - на професиналните војници, подофицерите, офицерите, цивилните лица кои работат во армијата.

„Постојат разлики во износот на платите меѓу професионалните војници во редовен состав и специјалните сили, но најниската плата на професионален војник со зголемување е над 23 илјади денари, а специјалците земаат над 30 илјади“, појасни министерката.

Слично

Поврзани вести