Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Родендените се чудна ѕверка: најчесто те тераат да се смееш, иако понекогаш - и да се замислиш

Шекеринска: Родендените се чудна ѕверка: најчесто те тераат да се смееш, иако понекогаш - и да се замислиш

Родендените се чудна ѕверка: најчесто те тераат да се смееш, иако понекогаш - и да се замислиш, ти бараат музика и танц до полноќ, ама одвреме навреме ќе ти “шепнат” дека би сакале нешто помирно, посекојдневно, некоја тивка и обична среќа. Мене денес тоа ми шепна. И не погреши.

Со овие зборови го започна својот посот на социјалната мрежа „Фејсбук“, поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која е истакната политичка фигура во земјава. Овој пат, таа им се обрати на сите кои и го честитале роденденот, и истакна дека е благодарна што се сетиле.

- Малку музика и домашна храна… многу љубов и убав разговор… мало друштво, голем спокој… и илјадници пораки, честитки и убави желби. Што да си посакаме повеќе?

Ви благодарам на сите кои се сетивте. Ви посакувам уште повеќе убавина од таа што ми ја пративте. Да се радуваме на добрината и човечноста, да ја заслужуваме љубовта и да создаваме радост секој пат кога ќе можеме. За многу години! - заклучи Шекеринска а постот можете и сами да го погледнете.



Секако ова беше повод за многубројни коментари и уште повеќе честитки. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести