Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕКЕРИНСКА: Премиерот Заев погреши што го врза својот мандат за резултатот од локалните избори

ШЕКЕРИНСКА: Премиерот Заев погреши што го врза својот мандат за резултатот од локалните избори

Министерката за одбрана и поранешна заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, смета дека лидерот на партијата и премиер Зоран Заев погрешил што својот мандат го врзал со резултатот од локалните избори. 

Таа во своето вчерашно гостување во емисијата Топ Тема на Телма рече дека сега фокусот мора да биде на стабилно парламентарно мнозинство, за да не и се даде шанса на Бугарија да искористи било каква слабост кај нас и да рече дека поради тоа не може да се најде решение.  

„Јас мислам дека претседателот на СДСМ и премиер погреши што го врза својот мандат со резултатот од локалните избори. Сега фокусот мора да биде на стабилно парламентарно мнозинство, да не се даде шанса на Бугарија да искористи каква било слабост кај нас за да рече - не може да се најде решение. Нашето мнозинство во парламентот не е мнозинство за еден ден - тоа треба биде мнозинство што ќе испорача резултати во европските интеграции исто како што испорачавме резултат со НАТО. Треба да се обидеме да успееме а не да чекаме отстрана и да се надеваме нешто да тргне наопаку. Мислам дека не треба да им влегуваме во лошиот и од минатиот четврток - лузерски филм“, го споделува министерката својот став искажан на Топ Тема.


Слично

Поврзани вести