Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска повика јавноста да не го следи Каракачанов: Безначајни се и географската карта и списокот со пасоши

Шекеринска повика јавноста да не го следи Каракачанов: Безначајни се и географската карта и списокот со пасоши

За министерката за одбрана Радмила Шекеринска ирелевантни се последните потези на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој прво за празникот 8 Март објави лого со мапа од „Голема Бугарија“, а потоа и наводен список со имиња на политичари од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат бугарски пасоши и право да гласаат на тамошните избори.

Шекеринска во вечерашното интервју за емисијата „Трилинг" на телевизијата 24 Вести истакна дека не треба да им се дава внимание на вестите, како таа со објавување картата од „Санстефанска Бугарија“ на Каракачанов, кој исто тата е министер за одбрана.

„Картата објавена од страна на министерот за одбрана на Бугарија ја доживеав како знак на неговата слабост. Кога немате што да кажете за денес, ќе се вртите кон историјата. Кога нема што да понудите за граѓаните, за државата, за регионот, тогаш почнувате кавги. Јас не мислам дека треба да се влегува во тие кавги. Затоа што со тоа се навредуваат и иритираат соседите, не само Северна Македонија, а притоа ништо не се постигнува. Мислам дека голем број од тие вести стануваат само вести заради тоа што кај нас многу голем третман им даваме, и затоа мислам дека тоа не треба да го правиме“, вели министерката.

Шекеринска е коректна и во однос на списокот со имиња кои ги имаат политичари - претежно пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ а за кои Каракачанов вели дека се нашле на избирачките списоци за парламентарните избори во Бугарија на 1 април.

„Како што мислам дека не треба да бидеме маша или мегафон во неговите раце во други прилики, и сега мислам дека грешиме што му даваме толку голем медиумски, па и политички простор“, изјави Шекеринска.


Слично

Поврзани вести