Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска потврди: Шпанија ќе го ратификува протоколот дури во март

Шекеринска потврди: Шпанија ќе го ратификува протоколот дури во март

Вицепремиерката Радмила Шекеринска денеска потврди дека Шпанија во својот парламент ќе може да го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО дури во март поради сложените тамошни процедури.

Од сите земји-членки на Алијансата, само Шпанија до сега не успеа да го ратификува пристапниот договор поради тоа што во меѓувреме имаше парламентарни избори и имаше тешкотии во составувањето на Влада.

- Проценките што ги чувте од шпанската страна се однесуваат на нивните собраниски процедури и ние ги добивме истите информации по официјални и неофицијални канали. Очекуваме дека периодот до почетокот на март ќе биде доволен за да се завршат и комисиските и гласањето во шпанскиот парламент. Тоа што зависи од другите, ќе направиме се да заврши час поскоро, одговори министерката за одбрана на новинарско прашање.

Македонското Собрание треба да се распушти на 12 февруари поради предвремените парламентарни избори во земјата, што значи дека нема да биде во можност во обој мандат да го ратификува влезот на Македонија во НАТО.

Слично

Поврзани вести