Шекеринска: Поголемиот дел од НАТО-трупите од Авганистан се враќаат до јули
Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, објави дека поголемиот дел од нашите припадници од НАТО-мисијата во Авганистан ќе се повлече до јули.
- Тоа е најдолгата мисија од 20 години во која ние учествуваме. Како заедно отидовме и заедно ја менувавме целта и природата на ангажманот, се договоривме заедно да заминеме, Детали нема да се објавуваат. Нашите трупи навистина уште кусо време ќе бидат таму.
Најголемиот дел од силите ќе бидат повлечени до јули, но повлекувањето ќе биде внимателно и единствена цел е сигурноста на НАТО припадниците, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање.
Министерката посети дека пред три дена од Авганистан веќе се вратил хируршкиот тим, како дел од Норвешката болница
Прес-конференција се одржа по повод воспоставената соработка меѓу Министерството за одбрана и Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип
