ШЕКЕРИНСКА, ПЕТРОВ И ЗЕКИРИ СЕ МОИ ДОБРИ ДРУГАРИ - тие уште многу ќе дадат на своите функции, вели Заев за сменетите кадри
Смената на генерациите е многу здрава и досегашните кадри на партијата и натаму имаат уште многу да дадат и како дел од партијата и од државните функции кои ги имаат, изјави премиерот и претседателот на СДСМ , Зоран Заев.
„Се работи за нормална, логична смена на генерации, дел од таа смена на генерации е и мојата позиција. Јас сум најавил до два мандати премиер, согласно тоа и претседател на СДСМ. Секако, добив чест на непосредни избори во март за втор мандат од премиерскиот дел, а третиот мандат претседател на партија. Сработија многу овие луѓе кои веќе не се на позиции, имаат сериозни државни позиции и имаат многу што да сработат. Обновувањето на енергија, нови идеи дава можност да секој напредува во партиско политичка кариера, да наметне свои погледи, визии, експертизи, а секако и да го шириме кругот на активни луѓе“, изјави Заев во гостувањето на дневникот на Јавниот сервис.
„Досегашните високи функционери се мои добри другари и тие продолжуваат заедно да работат, Радмила Шекеринска во Министерството за одбрана и тоа како има уште многу што да работиме со Армијата, членството во НАТО е сериозен успех којшто го постигнавме под нејзино раководство на одбраната. Но, нашата Армија во издигнувањето на нејзиното достоинство, дигнитет, операбилност, подготвеност е нешто на кое што уште многу што треба да работиме. Коста Петров е директор на Фондот за иновации и технолошки развој“, Мухамед Зеќири генерален секретар на Влада и таму има многу задачи и работа, подвлече Заев.
Тој го оцени 26. Конгрес на СДСМ како исклучително успешен, со нова енергија, додавајќи дека сега граѓаните со право ќе чекаат резултати од нивите кадри.
