Шекеринска: Ова не е превид, потребна е и политичка и кривична одговорност
Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе
прашањето не е како да се обезбедат луѓето што бегаат од правдата да се соочат
со правдата, а организаторите да одговорат, туку кој го информирал Мијалков и
го обезбедил неговото бегство, најави денеска министерката за одбрана Радмила
Шекеринска која беше на полигонот „Криволак“ со амбасадоркатана САД во земјава Кејт Мари Брнз.
Шекеринска вели дека овде не треба да се бара само политичка, туку и за кривична одговорност.
„Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи нема да затворат очи. Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкумината кои знаеле ја споделиле таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата, рече министерката за одбрана.
Слично
