Шекеринска одликувана од Франција
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во резиденцијата на Франција беше одликувана со Орденот „Командант на националниот ред за заслуги на Република Франција“.
– Ова признание и моето пристапување кон ова реномирано семејство покажува дека Република Македонија и Француската држава споделуваат исти вредности, се стремат да ги достигнат истите височини и се раководат од истите принципи. Мојата лична посветеност ќе биде во насока да ги доближиме нашите две земји преку соработка. Франција може да смета на Република Македонија и се надевам дека и ние можеме да сметаме на вашата поддршка за да ги постигнеме нашите стратешки цели, изјави Шекеринска.
Шекеринска беше одликувана од државниот секретар на вооружените сили на Франција, Женевиев Дариесек. Орденот е воведен во 1963 година од генералот Де Гол и се доделува за истакнати заслуги на воени или цивилни лица.
Женевиев Дариесек која е првиот член на Владата на Емануел Макрон што го посети
Скопје вчера имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов и изјави дека во име на
француската Влада носи порака за пријателство и соработка.
