Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Нема причини за загриженост, но опасноста од радикални структури постои

Шекеринска: Нема причини за загриженост, но опасноста од радикални структури постои

Власта во земјава конечно се огласи по најновиот развој на настаните со САД и Иран. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека најголем дел од земјите не ги повлекле своите војници. 

„Само ги преместија од Ирак во Кувајт, со план дека тоа е само времено. Мисијата во Ирак е важна мисија, но таа не е борбена. По нападот и убиството на иранскиот генерал имаше дебата и во нивниот парламент. Присуството на НАТО во целиот регион е резултат на кризата“, рече Шекеринска во Утрински брифинг на „Слободен печат“ .

Според министерката, во овој момент нема причини за загриженост од присуството на невладини организации поврзани со Иран, бидејќи Македонија не им е точка на интерес.

„Никогаш не смееме да ја елиминираме опасноста од радикализирани исламистички структури кои се враќаат од тамошните фронтови. И Македонија и целиов регион, светот живее со опасноста од тероризам. Кај нас е специфично бидејќи сме поблиску и поради овие присуства и влијанија во целиот регион. Затоа и работиме на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следи, се реагира секој пат кога постои било каква опасност“, изјави Шекеринска.


Слично

Поврзани вести