Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска му се налути на Наумовски

Шекеринска му се налути на Наумовски

Амбасадорот Васко Наумовски не се појавил на ниту една средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска при нејзината посета на САД, потврди таа во гостување на емисија Τоп Тема на ваша страна на ТВ Телма.

„Јас во Вашингтон во еден момент помислив дека немаме амбасадор бидејќи не го видов ниту службено, ниту на почетокот, ниту на крајот на посетата. Сметам дека тоа е скандалозно однесување затоа што на нашиот амбасадор не му пречи секој први во месецот да добива плата од оваа влада. Меѓутоа вие да отспиете посета на Пентагон која не се случила во шест години, тоа прво зборува за дипломатскиот калибар, но зборува и за неодговорноста кон вршење на функцијата“, рече Шекиринска и најави дека за однесувањето на Наумовски ќе го информира и министерот за надворешни работи Никола Димитров штом се врати од Солун.

„Врз база на сегашните и претходните средби што сум ги имала одговорно тврдам дека потезите што ги направи Македонија не само во поглед на преговорите за името, во поглед на аеродрoмот и автопатот, покажаа дека, од вселената Македонија е заинтересирана за решение“. Ова меѓудругото го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за Телма, наведувајќи дека во целиот процес Македонија кај меѓународната заедница е доживеана како зрела, одговорна и концентирана држава. Според неа, за интеграциите на Македонија во НАТО и во ЕУ постои подготвеност да помогнат и САД и други пријателки членки. Таа исто така порача дека Македонија во секој случај мора да продолжи со домашните реформи и доколку годинава не биде примена во НАТО.

Слично

Поврзани вести