Шекеринска: Mожеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година
Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, пред почетокот на Самитот на НАТО во Брисел, изjaви дека Македонија ќе го поправи она што го пропушти во Букурешт во 2008 година и ќе добие покана за во НАТО.
„Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година“- рече таа.
Ова потсети на самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија требаше да ја добие поканата за членство, но беше одбиена поради грчкото спротивставување поради спорот со името.
„Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија. Денеска сите ја искористија можноста да и’ честитаат на Македонија за огромниот пробив и целиот аудиториум не’ награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО“- кажа министерката за одбрана.
Таа верува дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.
