Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Maкедонија се извлекува од калта и од изолација

Шекеринска: Maкедонија се извлекува од калта и од изолација

Министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција го поздрави големиот исчекор кој го направи Собранието, и со кој е отворен патот за евроатлантска иднина на државата. 

Таа вели дека Maкедонија се извлекува од калта и од изолација. 

„Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ. Оваа одлука на двотретинското мнозинство значи влегување на Македонија под штитот на НАТО. Со ова Македонија станува фактор на стабилност“, вели министерката. 

Таа смета дека ќе имаме повеќе странски инвестиции, повисоки плати, нови работи места, зголемен извоз. 

Шекеринска рече дека гласот на пратениците бил историски, и очекува дека ќе имаат поголема поддршка за спроведување на Договорот од Преспа. 

Слично

Поврзани вести