Шекеринска купува опрема за војниците да бидат физички пoдготвени за НАТО
По вчерашното потпишување на Протоколот за пристап на Македонија во НАТО, министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска објави дека годинава ќе бидат потрошени 12 милиони денара за што е можна подобра физичка подготвеност за припадниците на АРМ.
Вицепремиерката за време на денешна посета на тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово наведе дека овие пари ќе бидат инвестирани во опрема и реквизити бидејќи, според неа, АРМ има најголемо богатство во своите луѓе, војници, подофицери и офицери кои заслужуваат поголеми инвестиции.
– Минатата недела донесовме правилник со што армијата презема обврска за да ја поттикне поголемата физичка подготвеност на своите припадници практично да обезбеди спортска опрема, што досега не било случај и тоа во рок од следните три години . Сметаме дека овој правилник ќе покаже колку е важна физичката подготвенот како и дека државата е подготвена да вложува во таа физичка подготвеност. За оваа година ќе обезбедиме повеќе од 12 милиони денари за спортска опрема за припадниците на АРМ, како и спортски справи за определени касарни и гарнизони за физичките вежби - најави Шекеринска.

