Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Кога ќе влеземе во НАТО ќе се намали руското влијание

Шекеринска: Кога ќе влеземе во НАТО ќе се намали руското влијание

Интеграцијата на Mакедонија во НАТО ќе го намали руското влијание во земјава – вели министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, во интервју за агенцијата „Блумберг“.

Таа оценува дека мешањето во нашата стратешка цел да бидеме дел од Алијансата не помага и не е пријателски чин. Посочува дека земјава прави обид да ги поправи односите со Грција и да ги спроведе домашните реформи, за што е можно поскоро да станеме членка на НАТО.

„И пред изборот на новиот кабинет бевте сведоци на „одлив“ на информации за обидите на Русија да постигне влијание во клучните политички области и во областа на безбедноста. Загрижени сме од овој факт. Веруваме дека членството на Македонија во НАТО може да  стави крај на овие обиди“, вели Шеќеринска.

Приоритет се подобрувањата во областа на судството и владеењето на правото. Министерката Шеќеринска вели дека тие се посветени на реформите, но од земјите- членки на Алијансата бара да го вреднуваат трудот.

Најави дека Македонија ќе го следи примерот на Црна Гора и ќе го зголеми буџетот за одбран.

Слично

Поврзани вести