Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Ќе продолжам да бидам Македонка и тоа никој не може да ми го негира

Шекеринска: Ќе продолжам да бидам Македонка и тоа никој не може да ми го негира

„Како граѓанин ќе продолжам да бидам Македонка и тоа никој нема да може да ми го негира, а ќе бидам министер од Владата на Република Северна Македонија. 

Договорот меѓу Скопје и Атина не е гаранција дека Македонија ќе биде примена во НАТО и дека ќе ги почнеме преговорите со ЕУ гаранција е спроведувањето на договорот. 

Одлуката на претседателот да ја напушти средбата со премиерот и министерот за надворешни работи се надевам дека е лош ден на Иванов, но не смее да биде лош ден за иднината на Македонија. Иванов бега од одговорност“. 

Во разговор за вечерашната емисија Фактор магазин, потпретседателот на Владата и министер за одбрана одговара и на прашањата дали МАНУ, МНТ и други институции ќе бидат преименувани и дали со референдумот може да има и предвремени избори...


Гледајте вечерва Фактор магазин на ТВ24 во 19.30.

Слично

Поврзани вести