Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска ќе му честита на Палмер во Блед

Шекеринска ќе му честита на Палмер во Блед

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска попладне во Блед ќе оствари средба со Метју Палмер и ќе има прилика да му честита за новоназначената функција специјален претставник на САД за Балканот.

Палмер наедно е заменик-помошник за Европа и Евроазија на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, и важи за добар познавач на Балканот. Неколку пати ја посети Македонија и оствари бројни средби со наши функционери, а за истрагата за случајот „Рекет“ рече дека мора да се расчисти, а државата да донесе нов закон за СЈО.

Вицепремиерката денеска и утре во Словенија ќе учествува на 14. Бледски стратегиски форум, каде заедно со словенечкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, и министерот за надворешни работи на Шпанија, Џозеф Борел, ќе се обрати на панелот насловен „Што следува? – поглед на евроатлантската безбедност, 70 години по Вашингтонскиот договор“.

Бледскиот стратегиски форум секоја година е местото каде што се среќаваат влијателни светски и европски политичари и државници. Форумот претставува една од водечките меѓународни конференции во Централна и Југоисточна Европа. 

Слично

Поврзани вести