Шекеринска: Како луѓе, како Влада, покажавме дека зборот ни важи
Како луѓе, како Влада, покажавме дека зборот ни важи, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која вчера попладне учествуваше на средба со жителите на село Лавци, Битолско.
„Вложуваме напори работите една по една да се решаваат. Бевме фокусирани на крупните работи во првиот период, да ги решиме, во интерес на граѓаните и државата. Затоа успеавме. Знаеме дека кога ни е безбедна државата луѓето помирно спијат, а бизнисот повеќе вложува. За 2 години успеавме во она што 12 години не успеаја, во клучните области, да бидеме членки на НАТО и ЕУ. Знаеме интеграциите што носат“, рече таа.
За прв пат успеваме европските пари за земјоделието речиси целосно да ги користиме, додаде Шекеринска.
Слично
