Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Граѓаните ќе имаат втора шанса, одново да ја пратат пораката

Шекеринска: Граѓаните ќе имаат втора шанса, одново да ја пратат пораката

Вицепремиерката и министерка за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска во интервју за грчката телевизија Скај вели дека во случај на избори граѓаните кои гласаа „ЗА“ за ЕУ, НАТО и Договорот, кои не се само нивни поддржувачи, ќе имаат втора шанса, одново да ја пратат пораката. 

„Луѓето кои гласаа за ЕУ, НАТО и за Договорот не се само наши поддржувачи. Сакаат да видат перспектива за земјата и тоа што го гледаат овие денови е дека и покрај силното „ДА“, опозицијата можеби ќе се обиде да ја блокира оваа можност. Ако се случи ова, навистина верувам дека сите овие луѓе ќе се обидат да ја земат оваа втора шанса за повторно да ја пратат пораката, формирајќи мнозинство кое  најверојатно ќе оди напред. Во политиката не постојат безбедни облози“- вели Шекеринска. 

Вицепремиерката и министерка за одбрана, во интервјуто за Скај, ги објаснува и следните чекори на македонската Влада, велејќи дека оваа седмица, најмногу за 10 дена, ќе се разговара со пратениците и политичките партии за да се увиди дали постојат реални перспективи за двотретинско мнозинство. Во тој случај, вели, нема да губат време, затоа што се земаат предвид тесните временските рокови од договорот.

Слично

Поврзани вести