Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Да престанат повиците за насилство, Иванов да се вразуми

Шекеринска: Да престанат повиците за насилство, Иванов да се вразуми

Радмила Шекеринска, потпретседателката на СДСМ, посочи дека треба да престане кревањето на тензии во Македонија со повиците за насилство. ВМРО-ДПМНЕ сака да остане на власт по секоја цена, а јасни се пораките и од домашната и од меѓународната јавност.

Шеќеринска истакна дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со платформата имаат цел да ја дефокусираат јавноста од криминалот.

Таа го повика претседателот Ѓорге Иванов веднаш да го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Излезот од политичката криза е возможен со формирање на нова влада со гаранции за сочувување на унитарноста и суверениот карактер на Македонија. 


Слично

Поврзани вести