Шекеринска честита на новото раководство: Невозможното направете го возможно
Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска вечерва честиташе на новото раководство на СДСМ.
„Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните. Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани. Да живее СДСМ!“, напиша таа.

Лукаревска доаѓа на нејзиното место во партијата.
Слично
