Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: Безбедноста на нашите граници не ја гарантираме само ние, туку ја гарантира и Сојузот

Шекеринска: Безбедноста на нашите граници не ја гарантираме само ние, туку ја гарантира и Сојузот

Безбедноста на нашите граници не ја гарантираме само ние, туку ја гарантира и Сојузот и тоа неминовно носи зголемена безбедност во нашата држава, но и безбедност во регионот, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по потпишувањето на пристапниот протокол за членство во НАТО. 

Вели дека Македонија веќе не е во изолација, туку Македонија се смета за една од ретките добри вести на европскиот континент. 

Таа истакна дека ѝ претставува чест како министерка за одбрана да види дека сите земји членки на НАТО ни посакуваат топло, силно и гласно добредојде во најмоќната воено-политичка алијанса во светот.

Рече дека ова е успех на сите граѓани на нашата татковина, успех за кој биле потребни волја, посветеност и храброст на една генерација лидери и патриоти кои донеле одлука насочена кон иднината.

Шекеринска истакна дека ова не е заслуга ниту само на институциите, ниту само на политичарите и пратениците, Владата и Собранието. 

Mинистерката додава ова е успех на сите граѓани на Република Македонија кои 30 години трпеливо чекале и работеле, а изминатата година и половина дале крупна промена во надворешнополитичкиот курс на земјата.

Слично

Поврзани вести