Шекеринска: Ако се активира војската во загадувањето тоа значи вонредна ситуација
По повикот на невладините организации војската да помогне против загадувањето, министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека Армијата е на располагање во секој момент но дека сепак мора да се почитува Уставот.
-Ако пуштите Армија на улица, тоа според Уставот е прогласување на одреден тип на вонредност, но Армијата е на располагање во поглед на дел од опремата која што се користи, рече министерката која додава дека не е корисно така лесно војската да се применува во демократски држави
Таа информираше дека Владата издвоила голема сума средства за директен напад на изворите на загадување како и за пожарите кои се случија минатиот месец, кои, според неа, не се случајни и дека сите пожари се резултат на човечка грешка или човечка одлука и дека тоа треба да се санкционира.
