Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шекеринска: 2018 е година кога ја прекинавме изолацијата и ја отворивме вратата да станеме рамноправна членка во НАТО

Шекеринска: 2018 е година кога ја прекинавме изолацијата и ја отворивме вратата да станеме рамноправна членка во НАТО

Поканата за членство во Алијансата, завршувањето на пристапните разговори за членство, поддршката од клучните светски политички авторитети, покачувањето на буџетот и на платите за припадниците на АРМ, одбранбените реформи, приемот на 375 нови професионални војници, усвојувањето и имплементацијата на значајни стратегиски документи, опремувањето на припадниците на АРМ, отвореноста кон јавноста...

Сето тоа ја одбележа 2018-тата година во одбранбениот сектор. Министерката Шекеринска во своето видео обраќање истакна дека гледајќи наназад кон 2018, можеме да бидеме горди на она што го постигнавме.

„Во историјата ќе остане запишано дека ова е годината во која ја прекинавме изолацијата на нашата татковина и ги отворивме вратите за да станеме рамноправна членка во најмоќниот воено-политички сојуз“, рече министерката.


Слично

Поврзани вести